Невремето го прекина финалето, Е.Пелистер е освојувач на турнирот во Струга

1050

Екипата на Е.Пелстер е освојувач на турнирот во Струга откако на невообичаен начин е завршено финалето против тимот на Целје Пивоварна Лашко. Имено, финалниот дуел помеѓу овие два меча започна регуларно, но потоа со оглед на фактот што овој турнир се игра под отворено небо, невремето, односно дождот не дозволија да се игра, и мечот беше прекинат. По консултација на релација организатор – финалисти, беше одлучено, мечот да се заврши со изведување на пеналите, а нашиот тим беше подобар со конечни 7:6.

Во истите, Е.Пелистер беше подобар, односно неговиот голман, Лесјак кој одбрани серија на пенали му донесе триумф на неговиот тим во ова финале. Од друга страна пак сигурни реализатори беа Дејвис, Радовиќ, Ојлески, Кусмановски, Ѓорговски, а единствен кој промаши во пенал серијата беше Васиљев.

 

ПретходноБарди дебитира со гол за Трабзон (ВИДЕО)
СледноБарди е двоен стрелец, но не го спаси Трабзон од пораз (ВИДЕО)