По вчерашниот шокантен пораз од Летонија после дополнителните пет минути и изгубената битка за деветото место на Европското првенство „А“ Дивизија кое денеска завршува во Скопје, Македонија ќе игра за 11-та позиција.
Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Полска. Изненадувачки овој тим беше поразен од Црна Гора, која беше поразена од Македонија, но ќе игра за повисок пласман.
Во досегашниот дел од овој шампионат, нашите момци забележаа две победи и четири порази, на другата страна и Полска има индентичен скор, па мечот ќе биде интересен. Оваа средба е закажана со почеток во 13:45 часот.
За златниот медал на ЕП ќе се борат Шпанија и Литванија.