Сефер Емини потпиша за Сондерјиске во Данска

402

Досегашниот член на тимот на Македонија ЃП и македонски младински репрезентативец Сефер Емини, својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Сондерјиске од Данска.

Се работи за тамошен второлигаш кој е амбициозен и кој доста вложува и кој во нашиот сега веќе интернационалец гледа иднина, односно еден од столбовите на екипата.

Семини беше еден од главните играчи на тимот на МЃП во изминатиот период и веќе имаше еден интернационален излет но во Русија. Се врати во матичниот клуб, одигра уште една сезона и заслужи нов трансфер.

 

ПретходноНемилосрдни „лавови“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАрсенал има три од три сезонава (ВИДЕО)