Манчестер Сити во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд го донесе долгоочекуваниот Ерлинг Халанд. Одличниот Норвежанец веќе почна да ги тресе мрежите во Премиер-лигата, но и да пцуе пред ТВ камерите.
„Граѓаните“ се договорија со германскиот гигант за трансфер од 60.000.000 евра, но сега се појавија информации дека Сити не платил – ниту денар. Двете страни се договориле премиер-лигашот да исплаќа на рати, па ќе ја плати во 2023 година поточно по завршување на сезоната, додека останатите три до 2026 година.
Засега не е познато дали четирите рати ќе бидат од по 15.000.000 евра или пак истите ќе варираат.
Она што е јасно е дека Сити досега нема платено ниту едно евро за трансферот, па оваа сезона ќе ги покрие само трошоците за неговата плата и другите договорни обврски.