Скриени пораки во објавениот авио-билет со кој Касемиро треба да лета за Манчестер

764

Вчера Реал Мадрид и официјално објави дека Касемиро заминува во Манчестер Јунајтед. Двата клуба постигнаа договор за трансфер на играчот за сума од 60 милиони фунти, плус 10 милиони фунти бонуси во договорот. Нискобуџетната авиокомпанија „Рајнер“ ја искористи можноста и на Твитер објави бординг карта за Касемиро, со која тој во понеделник на 22 август треба да лета од Мадрид до Манчестер. Твитот на „Рајнер“ во себе крие неколку интересни пораки. Прво, во описот на летот (од Мадрид до Манчестер) Бразилецот беше наречен „лудак“ (MAD-MAN), но не се знае дали во позитивна или негативна смисла. Но, тоа не е сè што имаа подготвено од „Рајнер“.

На споменатиот авио-билет има и QR-код за бордирање на Касемиро што се испостави дека ако го скенирате со вашиот телефон, ќе ве однесе до хаштагот „GlazersOut“ на Твитер. Таму можете да ги видите најновите записи поврзани со акцијата за заминување на семејството Глејзер од клубот.

ПретходноСити нема платено ниту денар за трансферот на Халанд!
СледноУЕФА подготвува казни за ПСЖ и Олимпик (М) поради прекршување на финансискиот фер-плеј