Супер Дарко дебитираше за Барнли во лудо реми со шест гола

828

Македонскиот напаѓач Дарко Чурлинов само еден ден откако го комплетира трансферот на „Турф Мур“ дебитираше во дресот на Барнли на мечот со Блекпул од 5. Коло во Чемпионшип дивизијата. По првото полувреме Барнли имаше водство од 3:1 со головите на Браунхил и два на Теља.

Чурлинов влезе во игра во 72. минута на местото на двојниот стрелец, а потоа од нигде никаде Барнли тотално се сруши. Само две минути подоцна Лејвери намали, а по пет минути Јетс изедначи на 3:3.

Во финишот имаше и два црвени картони, по еден за двете екипи.

Барнли е на 15. Место на табелата со една победа и три ремија засега.

ПретходноНеверојатно: Вердер губеше oд Дортмунд со 2:0, па победи со три гола во судиското продолжение
СледноЗаха и Палас ја растурија Астон Вила (видео)