Трансферот на Обамејанг во Челзи може да пропадне поради тетоважа?

452

Челзи се уште не се откажал од евентуалното доаѓање на Пјер-Емерик Обамејанг на Стемфорд Бриџ. Десет дена на големо се шпекулира дека е главната цел на премиер-лигашот, а Габонецот сериозно размислува да ја напушти Барселона по само половина година.

Тој во каталонскиот гигант дојде на крајот на јануари и одигра одлична полусезона, но со доаѓањето на Роберт Левандовски работите се променија.

Барселона е заинтересирана да го ослободи Обамејанг, но за него ќе бара 25 милиони евра, што пак е одлично завршена работа ако се знае дека тој дојде без обештетување.

Сепак навивачите на Челзи не се најсреќни што ќе заигра за нивниот тим. Познато е дека одигра неколку сезони со голем успех за градскиот ривал Арсенал, каде беше и капитен, па затоа навивачите на Челзи не се многу среќни што клубот сака да го купи. А од пред неколку дена излезе фотографија на која може да се види дека има тетоважа од Арсенал.

Оваа тетоважа беше во центарот на вниманието пред неколку месеци кога Обамејанг играше за Барселона, но на навивачите на каталонскиот клуб не им пречеше што Габонецот има тетоважа на друг клуб.

Сепак, јасно е дека навивачите на Челзи на тоа гледаат на сосема поинаков начин бидејќи за нив Арсенал е еден од нивните најголеми ривали. Дали челниците на Челзи ќе се предомислат и ќе се откажат од Аубамејанг како што бараат навивачите, останува да видиме.

ПретходноЦиципас си закажа полуфинале со Медведев, нова сензација на Чориќ!
СледноДенеска стартува ВМФЛ, Гостивар е најголем фаворит, па потоа Вардар, Пелистер…