Тухел и Челзи преговараат за нов договор

91

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, потврди дека се водат разговори за продолжување на неговиот договор. Актуелниот договор на стратегот е до летото 2024 година.

„Почнавме преговори, но мислам дека со оглед на ситуацијата ќе биде подобро ако се фокусирам на тимот. Вљубен сум во овој клуб, во мојот тим и ентузијаст сум за мојата работа“, изјави Тухел за клупската веб-страница.

“Никој не се сомнева во мојата страст и тоа колку сум среќен што сум тука. Мило ми е што ја имаме поддршката од навивачите бидејќи ни се потребни. Тие се многу важни”, додаде Германецот.

ПретходноУЕФА подготвува казни за ПСЖ и Олимпик (М) поради прекршување на финансискиот фер-плеј
СледноХари Кејн со нов премиерлигашки рекорд сервираше нова победа за Тотенхем (ВИДЕО)