УЕФА подготвува казни за ПСЖ и Олимпик (М) поради прекршување на финансискиот фер-плеј

124

УЕФА ќе ги казни екипите на Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј за кршење на финансискиот фер-плеј, пренесува францускиот весник „Л’Екип“.

Изданието открива дека од јуни минатата година Комисијата за финансиска контрола на клубовите во УЕФА ги надгледува парижани за загубите кои надминуваат 30 милиони евра во последните три финансиски години. Весникот забележува дека загубите на Олимпик Марсеј не се толку високи.

Двата француски клуба ќе бидат финансиски казнети. Тие ќе мора да се справуваат со ситуацијата во следните три сезони за да избегнат посериозни санкции.

На крајот од минатата сезона Пари Сен Жермен стана шампион на Франција, а Олимпик Марсеј заврши на второто место. Двете екипи ќе играат во групите од Лигата на шампионите во 2022/2023 година.

ПретходноСкриени пораки во објавениот авио-билет со кој Касемиро треба да лета за Манчестер
СледноТухел и Челзи преговараат за нов договор