Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерсот во Синсинати, откако го совлада Американецот Џон Иснер.
Седмиот тенисер во светот победи со 2:1, а сетови беа 7:6, 5:7 и 6:3. Дуелот траеше два часа и 22 минути.
Great touch 👏@steftsitsipas | @CincyTennis | #CincyTennis pic.twitter.com/WL1hWu4xlW
— ATP Tour (@atptour) August 19, 2022
Циципас за пласман во финалето ќе се бори со светскиот рекет број еден Данило Медведев, кој претходно го елиминира Тејлор Фриц.
Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Нори и Чориќ. Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, 152. играч на АТП рангирањето, по речиси четири години повторно се пласираше во полуфиналето на Мастерс 1000 АТП турнирот, победувајќи го во четврт-финалето Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, деветтиот играч во светот. меч во Синсинати, 6:4, 6:4 по 100 минути борба.