Чешка останува без најдобриот кошаркар за Евробаскетот 2022?

116

Најдобриот кошаркар на чешката репрезентација, Томаш Саторански заработи повреда на скочниот зглоб на пријателскиот натпревар против Германија (90:101).

На рендгенската снимка не е откриена скршеница, но сериозноста на оштетувањето ќе се знае дури по преглед со магнетна резонанца.

Саторански би можел да ги пропушти квалификациите за Светското првенство во 2023 година против Франција (24 август) и Унгарија (27), како и натпреварите од Евробаскет 2022 година, ако лекарите констатираат посериозна повреда.

ПретходноВарди го „извиси“ Манчестер Ј. и потпиша нов договор со Лестер
СледноИнтер му се приклучи на Милан во трката по Ачерби