Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, летово направи екстра трансфер во тимот на Мол Види. По одличните настапи минатата сезона за Залаегерсег, тој премина во далеку посилна фудбалска средина, што за него претставува чекор напред во кариерата.
Истата започна во Вардар пред повеќе од деценија, кој сега, кога му е најтешко и кога финансиски тешко опстојува, доби парична „инјекција“ која и тоа како добро ќе му дојде на клубот во моментов.
Како што Спортмедиа дознава, Вардар на своето конто на име на трансферот на Серафимов, а во името на солидарниот фонд, кој е пропишан од страна на УЕФА, доби 25.000 евра. Освен Вардар, пари добија и Академија Пандев, Пелистер и Брегалница, клубовите каде што Серафимов исто така настапуваше но значително помала сума.