Гостивар, Вардар и Пелистер со победи ја отворија сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Вардар го победи Арсими во гости со 1:0 и тоа го голот на Дарио Десниќ во второто полувреме.
Гостивар победи против Локомотива Пехчево со 3:2, а тој дуел се одигра во Маџари. Тимот од Гостивар кој важи за еден од најсериозните кандидати за влез во Првата лига ги освои бодовите со головите на Стојчевски, Крстевски и Рамадани.
Пелистер славеше против Кожуф со 4:2 како и Охрид со 2:1 против Тетекс со головите на Роберт Митев.
РЕЗУЛТАТИ, 1.коло
Арсими – Вардар 0:1
Кожуф – Пелистер 2:4
Охрид – Тетекс 2:1
Локомотива Пехчево – Гостивар 2:3
Каменица Саса – Беса 1:2
Караорман – Воска спорт 0:2
Детонит Плачковица – Беласица 2:0
Борец – Слога Виница (24. август)