Последен ден во Струга: Битолчани по првиот трофеј пред стартот на сезоната!

245

По одличните ракометни пресметки во изминатите денови на меѓународниот турнир во Струга, денеска следува главната „глазура“ – битката за трофејот. Истата е закажана последна (21:15 часот), Е.Пелистер за противник во финалето ќе го има тимот на Целје. Битолчани се уште ја бараат вистинската форма и игра како сите останати тимови, покажаа дека се добри и лоши страни. На вчерашниот дуел со АЕК се вратија од негатива од четири гола и победнички завршија.

Први на теренот, ќе истрчаат Струга и Бутел Скопје во битката за седмото место, мечот е закажан во 10:15 часот во салата „Нико Нестор“.

Кирил Лазаров и Алкалоид за петото место ќе играат против АЕК (17:15 часот), додека Вардар ќе се бори за третото место против Татран Прешов.

ПретходноДенеска стартува ВМФЛ, Гостивар е најголем фаворит, па потоа Вардар, Пелистер…
СледноРоналдо го поврзуваат со германски тим, не е Баерн!