Македонскиот напаѓач Дарко Чурлинов само еден ден откако го комплетира трансферот на „Турф Мур“ дебитираше во дресот на Барнли на мечот со Блекпул од 5. Коло во Чемпионшип дивизијата. По првото полувреме Барнли имаше водство од 3:1 со головите на Браунхил и два на Теља.
Чурлинов влезе во игра во 72. минута на местото на двојниот стрелец, а потоа од нигде никаде Барнли тотално се сруши. Само две минути подоцна Лејвери намали, а по пет минути Јетс изедначи на 3:3.
Во финишот имаше и два црвени картони, по еден за двете екипи.
Барнли е на 15. Место на табелата со една победа и три ремија засега.