Тимот на Татран е освојувач на третото место на турнирот во Струга, откако предмалку со 24:26 да го совлада тимот на Вардар.
Во дуел кој не се окарактеризира како премногу фајтерски и со победнички менталитет набиени екипи, Татран подобро се снајде иако Вардар имаше шанси да стигне до поволен резултат, но не успеа во тоа. „Црвено – црниот“ состав даде само седум гола во вториот дел но со одбраната некако успеа до крајот да биде во резултатска игра.
Карапалески и Атанасоски со по четири погодоци најјефикасни кај Вардар додека Моралес постигна три. Васил Гогов во вториот дел имаше шест одбрани наспроти Мартин Томовски седум во првиот дел и тоа беа едни од посветлите точки на Вардар вечерва во Струга.