Хари Кејн со нов премиерлигашки рекорд сервираше нова победа за Тотенхем (ВИДЕО)

223

Со рекордниот 185-ти гол во дресот на Тотенхем во англиската Премиерлига, Хари Кејн ја донесе втората сезонска победа за момците на Антонио Конте. Попладнево во Лондон, Тотенхем со 1:0 го порази Вулверхемптон, благодарение на погодокот на легендата на тимот, Кејн, кој со денешниот погодок го урна рекордот на Серхио Агуеро по бројот на постигнати премиерлигашки голови во еден клуб во англиското елитно друштво.

Вулверхемптон се покажа како одличен ривал, одигра препознатливо цврсто во одбраната, но направи една круцијална грешка која во таа 64. минута ги чинеше пораз. За „волците“ ова беше веќе втор пораз сезонава, во која се уште ја чекаат првата победа.

ПретходноТухел и Челзи преговараат за нов договор
СледноКадетите го завршија Евробаскетот во Скопје на 12. место