Циципас си закажа полуфинале со Медведев, нова сензација на Чориќ!

332

Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерсот во Синсинати, откако го совлада Американецот Џон Иснер.

Седмиот тенисер во светот победи со 2:1, а сетови беа 7:6, 5:7 и 6:3. Дуелот траеше два часа и 22 минути.

Циципас за пласман во финалето ќе се бори со светскиот рекет број еден Данило Медведев, кој претходно го елиминира Тејлор Фриц.

Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Нори и Чориќ. Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, 152. играч на АТП рангирањето, по речиси четири години повторно се пласираше во полуфиналето на Мастерс 1000 АТП турнирот, победувајќи го во четврт-финалето Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, деветтиот играч во светот. меч во Синсинати, 6:4, 6:4 по 100 минути борба.

ПретходноСлавниот Селтик го посакува Јани Атанасов!
СледноТрансферот на Обамејанг во Челзи може да пропадне поради тетоважа?