Баерн со „седмица“ за Бохум (ВИДЕО)

106

Знае тимот на Баерн Минхен да направи кикс во домашниот шампионат, но знае и да „сомеле“ противник како ретко кој друг. Епа ова второто се случи попладнево, откако „Баварска“ машина мина во Бохум и го прегази домаќинот со 0:7.

Голеадата на Баерн стартуваше уште во четвртата минута кога Сане погоди за отворање на резултатот, а потоа се редеа во серија Де Лихт, Коман и Мане до полувреме.

Во вториот дел голеадата ја продолжи оној што застана, Садио Мане но од пенал, а потоа Гамбоа си постгона автогол, за да Габри во 76. минута ги заокружи седумте гола во домашната мрежа.

ПретходноЊукасл му „откина“ бод на Сити (ВИДЕО)
СледноНаполи ја „преслуша“ и Монца, 20 минути за Елмас (ВИДЕО)