Бенасер со извонреден гол донесе реми за Милан во Бергамо (ВИДЕО)

266

Милан замина само со бод од дербито од второто коло на италијанската Серија А во Бергамо. Аталанта одигра 1:1 против актуелниот шампион во меч во кој и двата тима играа не ризикуваа премногу, па ремито можеби е и најреален приказ на силите на теренот.

Актуелниот шампион на Италија во првото коло го победи Удинезе со 4:2, но вечерва имаше многу тешко гостување во соседно Бергамо. „Росонерите“ одиграа лошо прво полувреме, во кое Аталанта поведе со 1:0 со голот на Малиновски во 29. минута. Промените што ги направи Стефано Пиоли на паузата му помогнаа на Милан да се врати. Исмаел Бенасер постигна извонреден гол во 68. минута и ги постави конечните 1:1.

Во вториот вечерашен меч Болоња и Верона исто така ремизираа со резултат 1:1.

ПретходноПСЖ демонстрира моќ: 7 гола во мрежата на Лил (ВИДЕО)
СледноЛеклер го чека нова казна и пред трката за ГН на Белгија