Браво Калин – супер настап и трофеј на турнирот во Тунис!

478

Македонскиот тениски вундеркинд Калин Ивановски ја освои титулата на ИТФ фјучерсот во Монастир, Тунис откако во финалето го совлада Азиз Кијаметовиќ со 2-1 по сетови 4-6, 6-4 и 6-1.
По слабиот старт македонската тениска надеж возврати со иста мерка во вториот сет, а во последниот кога беше најпотребно беше сигурен и убедлив.
Ова е прв трофеј за Калин во сениорска конкуренција, а на патот до трофејот освен Кијаметовиќ елиминира уште четири противници. Во 1. коло беше подобар од Делаведова од Австралија, во 2. коло од Вилослада од Франција, во 1/4 финалето го совлада Неделчев од Бугарија, а во полуфиналето во жестока и тесна борба го елиминира Вандермерш од Франција.

Со овој триумф Калин сигурно ќе направи драстичен скок на АТП листата. Засега тој е на 1074 место.

ПретходноПоранешната македонска репрезентативка, Ивана Удовалиева е дел од стручниот штаб на Данска
СледноИнзаги посочи колку голови очекува од својата екипа сезонава во Серија А