Леклер го чека нова казна и пред трката за ГН на Белгија

192

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, најверојатно ќе се соочи со уште една казна на трката за ГП во Белгија. Ова се должи на фактот дека тој ќе го замени моторот на неговиот болид.

Леклер по одличниот почеток на сезоната (две победи во првите три трки), имаше послаби настапи и во следните десет трки победи само еднаш и исто толку пати заврши втор. Тој не заврши дури три трки поради проблеми со болидот.

На девет трки пред крајот на сезоната, ситуацијата за возачот на Ферари во борбата за шампионската титула стана многу тешка. Се чини ќе биде и уште потешка по следната трка за ГН на Белгија, затоа што пред почетокот на истата тој ќе треба да се замени моторот. Тоа значи дека ќе биде казнет и, по квалификациите, ќе се врати за веројатно пет места.

ПретходноБенасер со извонреден гол донесе реми за Милан во Бергамо (ВИДЕО)
СледноЛевандовски со два гола и ја донесе првата победа на Барселона (ВИДЕО)