Лидс го „торпедираше“ Челзи (ВИДЕО)

116

Прекрасно одигран меч и голема победа на тимот на Лидс попладнево на домашен терен, откако буквално го уништи фаворизираниот Челзи со високи и убедливи 3:0.

Аронсон и Родриго до 37. минута веќе на домаќунот му донесоа водство од 2:0, а во 69. минута Харисон веќе зголеми на 3:0 и ја запечати катастрофата на „Сините“.

Кулибали до крајот си заработи и црвен картон како „капак“ на фијаското на момците на Томас Тухел.

Од друга страна Брајтон одработи одличен гостински меч со победата над Вест Хем од 0:2. Мек Алистер и Тросард во 22. односно 66. минута се впишаа во листата на стрелците.

Челзи има очаен старт со само четири освоени бодови од три меча. Вест Хем е очаен и без бодови, а Брајтон и Лидс засега се втор односно трет со седум бодови.

ПретходноДепај побарал повеќе пари, Јувентус го откажа трансферот
СледноЛозари, Тиквеш и Кавадарци денеска за својот Славе