Поранешната македонска репрезентативка, Ивана Удовалиева е дел од стручниот штаб на Данска

978

Македонија во женска кошарка во последно време не може да се пофали со многу успех на ова поле. Низ годините имаме само неколку имиња кои настапуваа во странство. Една од нив е поранешната македонска репрезентативка Ивана Удовалиева.

Последно играше за дански Лемвик, а по завршување на својата кариера, се впушти во тренерските води, остана во Данска. Првите чекори ги направи во овој тим, а упорната работа ја донесе ниво погоре.

Ивана е дел од стручниот тим на Данската репрезентација до 16 години, која во овој момент се натпреварува на Европското првенство „А“ Дивизија. Во оваа земја, која најмалку е кошаркарска позната, се вложува во овој спорт и тоа од младите генерации, желбата е да националните тимови да бидат успешни.

„Веќе пет-шест години работа со данските репрезентации. Во Данска се обидуваат да вложат во овој спорт, општо, клупски и на репрезентативно ниво. Добро е познато дека кошарката не е број еден спорт, па токму затоа се обидуваат да ја дигнат на ниво погоре. Беше тешко во женските лиги кога почна пандемијата коронавирус, но еве полека сите се враќаат во нормала“, ни изјави Ивана Удовалиева.

Таа долго време е во Данска, а со оваа генерација која настапуваат на ЕП „А“ Дивизија У16, работеле и минатата година, сите девојки кои се во составот биле една година помали, па сега истите со искуство плус се најдоа меѓу најдобрите во Европа во оваа категорија.

„Оваа репрезентација е истата со која работев и минатата година, тогаш овие исти кошаркари имаа 15 години, еве не година подоцна на Европското првенство. Навистина сум среќа што сум дел од овој тим, што имам шанса низ годините да работам во националните селекции на Данска. Имаме тешка група, но ова ќе биде искуство плус за сите“, додаде Ивана.

ПретходноЧетврти натпревар за 11 дена: Набиена агенда на Шкендија, денеска гостува кај “пандевци“!
СледноБраво Калин – супер настап и трофеј на турнирот во Тунис!