Знае тимот на Баерн Минхен да направи кикс во домашниот шампионат, но знае и да „сомеле“ противник како ретко кој друг. Епа ова второто се случи попладнево, откако „Баварска“ машина мина во Бохум и го прегази домаќинот со 0:7.
Голеадата на Баерн стартуваше уште во четвртата минута кога Сане погоди за отворање на резултатот, а потоа се редеа во серија Де Лихт, Коман и Мане до полувреме.
Во вториот дел голеадата ја продолжи оној што застана, Садио Мане но од пенал, а потоа Гамбоа си постгона автогол, за да Габри во 76. минута ги заокружи седумте гола во домашната мрежа.