Енис Барди постигна два гола во дебито во дресот на Трабзон, но за жал тоа не беше доволно за победа. Тимот на македонскиот репрезентативец беше поразен од Анталијаспор со 5-2. Барди е среќен за головите, но не и за крајниот резултат.
„Го одиграв првиот меч во турската Супер-лига. Среќен сум за головите, но најважно е дека тимот не победи. За жал, не можевме да победиме. Тажно е, но лигата само што почна. Имаме многу да научиме од овој натпревар. Многу се трудевме во второто полувреме, не заслуживме ваков резултат“, изјави Барди.
Следен предизвик за Барди и Трабзон е реваншот со Копенхаген, дуел на кој ќе мора да надокнадат гол негатива за место во Лигата на шампиони.