Дека американските спортисти одат во екстрем со изгледот и однесувањето само за да изгледаат пооригинално односно по интересно за фановите не само во САД туку и во светот, и кои се бројат во милијарди не е никаква новост.
Речиси сите изгледаат слично, но не е Мајкл Инграм, кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс. Тој својот имиџ го „дотера“ во стилот на седумдесеттите, а фризурата и стајлингот на брадата секако дека не се за ова време. Сепак, тоа очигледно нему не само што не му пречи туку напротив. Многумина се изненадија, социјалните мрежи се полни со коментари дека Инграм ја згрешил деценијата, а и векот, и слично.
Brandon Ingram’s new look 👀 pic.twitter.com/k9hnRi5TGU
— NBA SKITS (@NBA_Skits) August 20, 2022