Буњамин Шабани: Струга ТЛ ќе го даде максимумот за да го победи и Работнички!

186

 

Струга Трим Лум имаше перфектен старт. Два меча и две победи со гол разлика 4:0, па затоа се наоѓа на челната позиција на табелата со максимални шест бода. Мечевите со Победа и Брегалница веќе одамна се “архивирани“, денеска на свој терен момците на стратегот Срѓан Захариевски го дочекуваат Работнички кој се ќе фрли на една карта, се знае и зошто. Тимот од Градски парк претрпе два тешки порази во првите две кола.

Иако тимот е во одлична форма, сепак сите во Струга ТЛ добро знаат кој е Работнички, и покрај тоа што во минатите три сезони овие дуели обично ги добивале.

За денешниот меч кој започнува во 17 часот, свој коментар има Буњамин Шабани, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ.

“Не треба да не залаже фактот дека Работнчки не стартуваше добро сезонава.Не е тајна дека Работнички има квалитетни фудбалери, така да сите ние во Струга ТЛ добро знаеме дека нема да биде лесно, напротив, не чека многу тежок натпревар.Инаку можам да кажам дека сме максимално подготвени, им ветуваме на нашите навивачи дека ќе го дадеме максимумот со цел да го победиме Работнички и на крај заедно да се радуваме на уште една победа“ заклучи Шабани.

ПретходноУсик ги одбрани титулите, Џошуа полуде – му ги фрли појасите (ВИДЕО)
СледноПешевски МВП во Струга, Талески најдобар стрелец!