Се чини дека нема да има ништо од трансферот на Мемфис Депај од Барселона во Јувентус. Неколку денови се зборува за тоа дека холандскиот напаѓач ќе го напушти „Ноу Камп“ и ќе премине во гигантот од Торино и се одеше како што треба се додека фудбалерот не ги променил своите услови. Тој побарал поголема плата што е неприфатлива за „Старата дама“ која го повлекла интересот.
Останувањето на Депај ќе претставува проблем за Барса која мора да се ослободи од некои играчи за да ги регистрира новите, поточно да го потврди Жулс Кунте кој е на чекање.
Сега Јувентус се врти кон Арек Милик и Леандро Паредес.
Juventus could drop the idea of signing Memphis Depay (28) and shift their interest toward Arkadiusz Milik (28), reports @DiMarzio. Going after Milik would also allow Juventus to proceed with Leandro Paredes’ purchase.https://t.co/Z52NigVlXS
— Get Italian Football News (@_GIFN) August 21, 2022