ЗАВРШИ ЕП ВО СКОПЈЕ: Литванија после 12 години се искачи на тронот!

185

Младата селекција на Литванија, односно играчи „Под 16“ години е новиот европски кадетски шампион, откако во финалето во Скопје ја совлада Шпанија (77:68).

Мантас Лоренцикас со 26.поени (плус шест скока и три освоени топки), беше топ-играчот на победничката екипа која стави крај на серијата од четири порази во финалните натпревари на Европските шампионати. И за прв пат по 2008 година, ја освои европската кадетска круна.

Претходно, во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Франција прослави голема победа над Грција (65:46), и го освои последното место на подиумот.

Шпанскиот репрезентативец Мари Сен-Супери беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Скопје.Во идеалната петорка на шампионатот има место уште и за Нојус Идрусаитис од Литванија, Бен Аврам Сафар (Израел), Неоклис Авдалас (Грција) и Мохамед Диаките од Франција.

ПретходноХрват под обрачите на Еуро Никел!
СледноЧетврти натпревар за 11 дена: Набиена агенда на Шкендија, денеска гостува кај “пандевци“!