Каролин Гарсија го освои Синсинати и се враќа во ТОП 20 на ВТА листата

77

Француската тенисерка Каролин Гарсија (35-та на светската ранг-листа) во два сета ја надигра претставничката на Чешка Петра Квитова (28. место на ВТА) и го освои силниот Мастерс од категоријата 1000 во Синсинати (САД).

Гарсија ја совлада Квитова со резултат 6:2, 6:4, за 1 час и 42 минути игра. Победничката имаше 11 асови и 4 двојни грешки.

Квитова не реализираше 8 брејк топки од 8, дозволувајќи и на Французинката да и направи 3 брејка.

За Каролин Гарсија, титулата во Синсинати е десетта во нејзината кариера во сингл. По победата во САД, таа ќе се врати во првите 20 на светската ранг-листа.

ПретходноНервоза, тензии и голема победа на Виљареал на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)
СледноФедерер го најави враќањето на терените