Левандовски со два гола и ја донесе првата победа на Барселона (ВИДЕО)

281

Барселона покажа моќ и успеа да ја освари првата победа во новата сезона од шпанската Ла Лига. Вечерва предводени од новата напаѓачка ѕвезда на „Камп Ноу“, Чави и неговите избраници славеа со високи 4:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Уште по 40 секунди, Левандовски со својот гол првенец во Ла Лига ја донесе Барселона во водство од 1:0, но домашните успеаја да се соземат и веќе во 6. минута Исак успеа да израмни на 1:1.

Во вториот дел барселона беше многу подобра од домаќините и со головите на Дембеле, Левандовски и Фати успеа да го реши мечот со високи 4:1.

ПретходноЛеклер го чека нова казна и пред трката за ГН на Белгија
СледноПроблем за Мурињо: Вајналдум скрши коска, го чека подолга пауза