Лудо во Еквадор: Ќотек, картони, мечот траеше дури 110 минути!

250

Во Јужна Америка се тотално луди по фудбалот, а потврда за тоа е мечот меѓу Макара и Аукас во еквадорскиот шампионат. Натпреварот траеше дури 110 минути.
Дуелот заврши 1:1. Судијата Алекс Кахас-Торес во 90. минута по преглед на ВАР одлучи да му додели пенал на Аукас. Тоа предизвика бес кај домашните фудбалери кои му се нафрлија и физички се пресметаа со него. Прво еден играч на Макара му застана на петот и побара објаснување за пеналот, па си доби црвен картон поради што настана физичка пресметка. Се вклучија и тренерите на екипата кои исто така му се нафрлија на судијата.
Десет минути подоцна е изведен пеналот, а гостите поведоа со 1:0. Сепак, три минути подоцна Макара стигна до реми исто така со гол од пенал. Севкупно мечот траеше 110 минути.
На крајот главниот арбитар извлече жива глава.

ПретходноТерзиќ по чудесниот пораз на Борусија: Заслуживме да загубиме, бевме ептен лоши
СледноБањаја ја освои и Австрија – станува интересна трката по титулата