Силекс може да се пофали дека сосема солидно, ако не и одлично го стартуваше овогодинешниот ПМФЛ шампионат. Освоени седум бода по три кола, втора позиција и одличен залет пред есенските предизвици.
Денеска во Кратово Силекс го совлада Скопје со 3:1 во дуел во кој доминираа, головите но и картоните. Четири наспрема три. Ричков и Љамалари кај домашните, Мециновиќ кај гостите предвреме го заршија мечот.
„Очекувавме тежок неизвесен меч бидејчи скопје е квалитетен тим се појачаа. Кај нас императивот победа е голем на домашен терен и се знае. Не изненадија со својата игра и со желбата за добар резултат. Покажавме и квалитет и карактер. Последните 15 минути игравме со два играчи помалку. Скопје во тој дел од мечот не ни создаде ниту една шанса. Тоа кажува нешто.
Честитки за одиграното и на моите фудбалери и на противничките, а Силекс како тим со овој триумф ми го честиташе мојот 48. роденден“ – изјави Горазд Михаилов за Спортмедиа по мечот.