Наполи ја „преслуша“ и Монца, 20 минути за Елмас (ВИДЕО)

202

Уште една доминантна партија на Наполи и втора победа од стартот на сезоната во италијанската Серија А. Наполитанците вечерва на домашен терен ја преслушаа Монца совладувајќи ја со убедливи 4:0 во меч во кој одлуката падна уште во првиот дел од мечот.

Кваратскелија погоди двапати во гостинската мрежа во 35’ и 62’ минута, додека третиот гол за домашните беше дело на Виктор Осимен во судиското продолжение од првото полувреме. Во самата завршница, и Кореецот Мин погоди за конечни 4:0. Монца не успеа посериозно да се закани на стадионот во Неапол, па првите бодови ќе мора да ги чека на следните дуели. Во составот на Наполи, нашиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во последните 20 минути.

Во вториот меч попладнево, екипите на Емполи и Фиорентина завршија без голови 0:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБаерн со „седмица“ за Бохум (ВИДЕО)
СледноМладинците на ШК Алкалоид блескаа на ЕП за аматери во Загреб