Атлетико Мадрид загуби со 2:0 од Виљареал во натпреварот од 2. коло на шпанската Ла Лига. На „Ванда Метрополитано“, Атлетико беше поразен пред серијата тешки натпревари. Иако имаа улога како фаворит, домашните не успеаја да се справат со момците на Унаи Емери, кои со многу среќа на крајот дојдоа и до убедлива победа во Мадрид.
До 73. минута мрежите мируваа, а потоа Пино ја искористи катастрофалната реакција на еден дефанзивец на Атлетико за водство од 1:0. Длабоко во судиското надополнување, Виљареал од контра напад преку Морено го потврди триумфот.
На крајот повторно грди сцени, што не е невообичаено за Атлетико. Конфликтот настанал откако Морено ги испровоцира домашните фудбалери, а Молина доби директен црвен картон поради напат на противнички играч.