Во Африка се игра шампионат за играчи до 15 години, на турнирот играат Сенегал, Нигерија, Гана, БС Коска, Мали и уште 12 репрезентации. На стартот скандал. Сиера Леоне ја совлада Мавританија со 6:0, а по мечот гостинската експедиција го напушти турнирот затоа што го обвини противникот за лажирање на годините.
„за да ги заштитиме нашите дечиња од повреди одлучивме да го напуштиме турнирот. Ова е лудо. Очигледно е дека некои од тимовите дошле со повозрасни фудбалери и ги претставиле како јуниори. Нема шанси тие да имаат 15 и помалку години. Сигурен сум дека тоа е У21 тимот на Сиера Леоне, а не У15. Ова е измама со годините“, соопштија од ФС на Мавританија.
Од друга страна реагираа и од Сиера Леоне:
„Бараат изговори за високиот пораз. Мислиме дека Мавританија дојдоа со тим од играчи до 12 години, па сега глумат жртви. Обвинување за измама е сериозна работа, а тука се организаторите кои одлучуваат, а не другите тимови“, реагира првиот човек на ФС Сиера Леоне.
I’m crying man this is the ongoing WAFU U15 tournament….football in Africa is pure comedy😭😭 pic.twitter.com/6jx2DTfhFT
— Viktor Vaughn (@__Metal_Face) August 19, 2022