Усик ги одбрани титулите, Џошуа полуде – му ги фрли појасите (ВИДЕО)

6717

Украинскиот боксер Александар Усик ја доби битката против Ентони Џошуа во Саудиска Арабија и ги одбрани титулите и шампионските појаси во ВБА, ИБФ и ВБО веризиите. Тој доби предност од 116-112 од едниот, 115-113 од другиот судија, а само еден од арбитрите му даде минимална предност на Џошуа (113-115).Усик по триумфот најави дека сака да се бори против Тајсон Фјури, шампионот на ВБЦ, за светски првак во тешка категорија.

„Победата ја посветувам на сите, семејството, тимот, мојата земја, оние кои ја бранат. Ви благодарам на сите. Сигурен сум дека Фјури не е пензиониран, сакам борба со него. Ако не ја добијам, нема да се борам со никој“, изјави Усик кој стигна до 20 победи во своите 20 бокс мечеви.


На другата страна Џошуа тешко го прифати поразот, па по борбата ги фрли појасите на противникот надвор од рингот. На голема среќа беше избегнат голем инцидент.

ПретходноБарди: Среќен сум за головите! Тажно е, не заслуживме ваков резултат!
СледноБуњамин Шабани: Струга ТЛ ќе го даде максимумот за да го победи и Работнички!