Федерер го најави враќањето на терените

211

Некогаш најдобриот светски тенисер, Роџер Федерер навести дека е блиску до враќање на тениските терени, откако објави видео од неговиот денешен тренинг.

Швајцарецот на 8 август наполни 41 година и нема одиграно натпревар по поразот од Хуберт Хуркач во четвртфиналето на Вимблдон минатата година. Во меѓувреме, тој го оперираше коленото, што беше негова трета операција во последните две години, но сепак е решен да ја продолжи својата играчка кариера и се чини дека повторно ужива на теренот.

Федерер треба да игра на Лејвер купот, кој ќе се одржи во Лондон од 23 до 25 септември, а во Тим Европа ќе му се приклучат Рафаел Надал, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.

ПретходноКаролин Гарсија го освои Синсинати и се враќа во ТОП 20 на ВТА листата
СледноПСЖ демонстрира моќ: 7 гола во мрежата на Лил (ВИДЕО)