Хрват под обрачите на Еуро Никел!

214

Екипата на Еуро Никел го потпиша второто засилување пред стартот на новата сезона.

Составот на кавадаречкиот тим ќе го засили хрватскиот центарт, Јуре Планиниќ. Станува збор за 23-годишен кошаркар, кој во Еуро Никел доаѓа од тимот на Цедевита Јуниор. Минатата сезона имаше просек од 7,6 поени, 4,2 скока и 0,9 асистенции на 29 одиграни натпревари.

Планиниќ беше дел од Задар со кого играше и во АБА лигата.

Кавадарчани до сега го потпишаа Марјан Младеновиќ, кој доаѓа од Пелистер, го задржаа и Дарко Соколов од минатогодишниот состав.

ПретходноНавивачите „бесни“: Се подготвува хаос на „Олд Трафорд“!
СледноЗАВРШИ ЕП ВО СКОПЈЕ: Литванија после 12 години се искачи на тронот!