Шкендија денеска во Струмица каде што ќе го одигра дербито на 3.коло во ПМФЛ против Академија Пандев.Факт е дека кај тетовци веќе се чувствува заморот,денешниот ден ќе биде четвртиот за само 11 дена, но исто факт е дека Шкендија и покрај набиената агенда посакува со целиот плен да се врати од Струмица.
Офанзивецот Аденис Шаља за очекувањата од овој меч истакна:
„Во секоја сезона на стартот натпреварите се тешки зошто мора да се соберат што повеќе бодови.И покрај набиениот распоред Шкендија против А. Пандев ќе одигра максимално мотивирано со цел да ги освоиме трите бода. „Пандевци“ се квалитетна екипа, но ако се даде максимумот секако дека резултатот нема да изостане“изјави Шаља.
Досега овие две екипи одиграле 17 натпревари на кои Шкендија победила на осум, струмичани на шест а без победник завршиле три средби.
Кај Шкендија сите играчи се во комбинација освен Валмир Нафиу кој уште е повреден.