Чориќ стигна до финалето во Синсинати, светскиот рекет број еден елиминиран во полуфинале!

566

Подолжи фантастичната недела на хрватскиот тенисер Борна Чориќ, кој победи против Британецот Камерон Нори со 6:3, 6:4 и се пласираше во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати.

Така Чориќ по втор пат ќе игра во финалето на турнирот Мастерс 1000. Тоа за прв пат се случи во Шангај во 2018 година, а во оваа прилика на пат до титулата победник стои грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој победи со 7:6(6), 3:6, 6:3 во полуфинале против светскиот тенисер број еден Данил Медведев.

Уште еднаш оваа недела Чориќ беше повеќе од убедлив во Синсинати. По голема борба и победа во тешки три сета против Рафаел Надал, следуваа три победи на Чориќ во лесни два сета. Хрватскиот тенисер, кој на овој турнир влезе како 152. играч на светот, ги победи Баутиста Агут и Огер Алиасиме, а сега имаше славје и против 11. играч на светот.

ПретходноИнтер одличен на домашен терен (ВИДЕО)
СледноФабрегас објасни зошто одлучил да игра за Комо