Њукасл му „откина“ бод на Сити (ВИДЕО)

146

Прв кикс на тимот на Манчестер Сити сезонава. Денеска на гостувањето кај Њукасл, момците на Пеп Гвардиола одиграа само 3:3 и за прв пат загубија бодови кои реално мораа да ги освојат.
Сепак, така не мислеше денеска домаќинот кој одигра екстра фајтерски, губеше со 0:1, а потоа направи пресврт и поведе со 3:1, за да на крајот Сити се спасува од пораз со головите на Халанд и Бернардо Силва.

А се почна добро за Сити откако Гундоган постгина гол уште во петтата минута. Алмирон и Вилсон до полувреме направија Њукасл да води, а по голот на Трипие во 54. минута домашните се понадеваа на ектра три бода на стартот на сезоната. Сепак, Сити не е најсериозен кандидат за титулата ако нема сила да се извади и од ваква ситуација и токму тоа и го стори. Халанд и Бернардо Силва за четири минути израмнија на 3:3 и тоа беше конечниот резултат на овој дуел.

ПретходноМихаилов: Покажавме карактер, квалитет и единство
СледноБаерн со „седмица“ за Бохум (ВИДЕО)