Неверојатниот Дуплантис стана европски првак со нов рекорд! (видео)

280

Арманд Дуплантис соборува рекорди како од шега. Момчето кое во ноември ќе полни 23 години постави нов европски рекорд и рутински стигна до златниот медал во скок со стап на Европското првенство во Минхен.
Тој без проблеми ја прескокна висината од 6,06 метри и го собори европскиот рекорд. Инаку Дуплантис го држи и Светскиот рекорд од 6,21 метри, но во Минхен не сакаше да го прескокне.
Тој има и златен медал од ОИ во Токио.

ПретходноИнзаги посочи колку голови очекува од својата екипа сезонава во Серија А
СледноТерзиќ по чудесниот пораз на Борусија: Заслуживме да загубиме, бевме ептен лоши