Пешевски МВП во Струга, Талески најдобар стрелец!

230

Пелистер е освојувач на трофејот на меѓународниот турнир во Струга, откако во финалето го совлада Целје по изведување на седмерци со 7-6. Овој меч беше прекинат поради лошите временски услови, па организаторот одлучи истиот да биде решен по изведување на удари од седум метри.

По завршување на финалето беше прогласен најкорисниот ракометар на турнирот, ова признание му припадна на македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски, кој е едно многуте засилувања на Пелистер.

Покрај Пешевски, со трофеј се закити голманот на битолчани, Урбан Лесјак. Филип Талески со 24 гола е најдобар стрелец на турнирот.

ПретходноБуњамин Шабани: Струга ТЛ ќе го даде максимумот за да го победи и Работнички!
СледноПМФЛ: Дербито во Струмица, нов дуел меѓу Костов и Илчo…