Во тек е третото коло од тековниот ПМФЛ шампионат во кој на полувреме резултатите се следни. Академија Пандев и Шкендија во Струмица засега играат без голови, а обата тима имаа по неколку ситуации. Елези ја имаше најсериозната но Јовановски одлично интервенираше.
Во Кавадарви пак тимот на Брегалница преку Силјановски води против Тиквеш со 0:1, додека пак во Струга, Трим Лум поведе преку Зија Мерџани, но Димитар Тодоровски израмни за Работнички на 1:1.
Силекс поведе против Скопје во Кратово преку Обрадовиќ.