ПСЖ демонстрира моќ: 7 гола во мрежата на Лил (ВИДЕО)

463

ПСЖ ја продолжи супериорноста во Лига 1, откако вечерва на гости кај Лил славеше со импресивни 7:1.

Мбапе мечот го заврши со хет-трик, додека Нејмар постигна два гола и имаше уште две асистенции. ПСЖ веќе имаше предност по 8 секунди игра, бидејќи Меси на феноменален начин го проигра Мбапе, кој го лобуваше голманот за 1:0.

По серијата пропуштени шанси, во 28. минута Меси зголеми на 2:0, а до крајот на првото полувреме меѓу стрелците се запишаа и Хакими и Нејмар.

На стартот од вториот дел, Нејмар погоди на асистенција на Хакими, додека Бамба две минути подоцна го постигна почесниот гол за домашните.

До крајот на натпреварот, Мбапе го комплетираше хет-трикот.

ПретходноФедерер го најави враќањето на терените
СледноБенасер со извонреден гол донесе реми за Милан во Бергамо (ВИДЕО)