Судија од Унгарија за реваншот Балкани – Шкупи

113

Македонскиот шампион Шкупи, в четврток од 20:00 часот во Приштина го игра реванш дуелот од плеј офот за конференциската лига против тимот на Балкани. Првиот меч заврши 1:2 за косовскиот тим и сега избраниците на тренерот Гоце Седлоски ќе мора и тоа како да се помачат за да стигнат до посакуваната цел.

На тој дуел од страна на УЕФА е делегиран судија од Унгарија. Се работи за Иштван Вад, а негови помошници ќе бидат Венцел Тот и Иштван Андел. Четврти судија ќе биде Ференц Карако.

 

ПретходноСамит Јигитоглу префрлен во првиот тим на МЗТ Скопје Аеродом
СледноЗлатните момци на прием кај претседателот на Македонија (ФОТО)