Менаџерот на Челзи, Томас Тухел е на мета на медиумите денеска, откако вчера тој и неговиот тим загубија на гостувањето кај Лидс со огромни 3:0. Згора на тоа, голманот Менди направи катастрофална грешка во клучните моменти од мечот, сакајќи да „дрибла“ пред голот, што нормално го чинеше примен погодок.
„Менди најдобро се познава самиот себе. Кога се таквите грешки во прашање не знам дали е потребно да се разговара. Што да му кажам? Дека згрешил? Па целиот свет виде дека згреши. И тоа во клучниот дел од мечот. Тоа не чинеше многу, и затоа тој е најразочаран. Си дадовме автогол, и примивме гол од прекин. Тоа нема врска ниту со начинот на кој играл Лидс, ниту со нивниот висок пресинг, ниту со километрите истрачни. Нас говорот на телата на 2:0 ни кажуваше се“ – изјави Тухел.