Анчелоти е голем емотивец, повторно заплака (ВИДЕО)

388

Во мај оваа година Реал Мадрид ја освои титулата во Лигата на шампиони, а Карло Анчелоти не издржа го совладаа емоции и заплака.

Неколку месеци подоцна, искусниот италијански стратег повторно пушти солзи. Овој пат причината е Касемиро, кој од Реал се сели во Манчестер Јунајтед за околу 70 милиони евра.

Бразилецот денеска имаше емотивно збогување со „кралскиот“ тим во кој остави голем белег, во претходните девет години успеа да освои дури 18 титули.

Касемиро низ солзи говореше за деновите минати во Реал, посебно му падна тешко кога збореше за Модриќ и Крос, со кои ја делеше средината на теренот.

„Сигурно еден ден ќе се вратм и ќе му помогнам на тимот, бидејќи тој е мојот дом. Тука научив многу, се надевам дека тоа ќе го пренесам во Јунајтед. Голема благодарност до претседателот, соиграчите и навивачите, ви благодарам што верувавте во мене“.

Овој говор го погоди и Анчелоти, но седеше го првиот човек Флорентино Перез, па пуште некој солза.

 

ПретходноГостивар има нов плејмејкер!
СледноСефери ќе игра за Ворскла Полтава